Москва: „Косовската војска“ е сериозна закана за Балканот

Москва смета дека создавањето на „косовска војска“ претставува сериозна закана за безбедноста на Балканот, соопшти министерството за надворешни работи на Русија.

Како што се наведува, создавањето „војска на Косово“, поддржана од водечките членки на НАТО, претставува најгрубо кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации во која се истакнува неопходноста од демилитаризација на сите оружени групации на косовските Албанци.

Русија и претходно предупредуваше на заканата од „косовската војска“ бидејќи нема никакви гаранции дека таа нема да се користи против српското население.

Тогаш постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја кажа и дека Русија се противи на обидите на западните земји дискусијата во Советот за безбедност за ситуацијата на Косово да се сведе на минимум.

Властите во Приштина еднострано прогласија независност од Србија на 17 февруари 2008 година. Република Косово како држава не го признаваат Србија, Русија, Кина, Израел, Иран, Шпанија, Грција и низа други земји.

Парламентот на Косово одобри на 14 декември 2018 година формирање полноправна војска заснованата врз косовските безбедносни сили.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе