Москва: Концентрацијата на сили кај Заливот ризикува избивање конфликти, американската политика е погрешна

Тврдењето на Вашингтон дека соборил иранско беспилотно летало е уште еден знак дека тензиите во Персискиот Залив носат ризик да се претворат во поголем конфликт, предупреди рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Претседателот Доналд Трамп претходно тврдеше дека десантниот брод УСС „Боксер“ соборил ирански дрон што му се приближувал во Ормускиот теснец. Иран негираше дека тој ден загубил беспилотно летало.

„Концентрацијата на силите на разни земји во Персискиот Залив е толку голема што таму се можни инциденти“, им рече денеска рускиот дипломат на новинарите, додавајќи дека главната задача сега е „да се спречи ескалација“.

„Како што уште еднаш гледаме, ситуацијата... може да доведе до појава на конфликт.“

Рјабков рече дека, и покрај повиците да покаже воздржаност, Вашингтон „тврдоглаво продолжува да го следи патот кон поттикнување на тензиите и максимален притисок врз Техеран“.

„Овој пат е погрешен и е склон да предизвика понатамошни компликации и шокови.“

Минатиот месец, иранската војска собори американско беспилотно летало за кое рече дека го нарушило иранскиот воздушен простор. Вашингтон рече дека беспилотното летало било уништено над меѓународни води.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе