Москва: Хуманитарната помош за Венецуела е исценирана провокација

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија смета дека планот за доставување хуманитарна помош во Венецуела е исценирана провокација.

„Ако станува збор за желба да му се помогне на народот со хуманитарна помош, тогаш е рационално да се праша зошто не се одмрзнат сметките на венецуелските компании во американските банки вредни 11 милијарди долари, или не се вклучат специјализираните агенции на ОН кои имаат големо и непроценливо искуство во таквите операции, наместо лицемерниот обид да се достави помош вредна едвај неколку стотици долари“, порача Захарова, а пренесуваат руските агенции.

Москва го поддржува претседателот на Венецуела Николас Мадуро и не го признава претседателот на Националниот парламент Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател во јануари годинава.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе