Москва го коментираше потегот на хрватскиот фудбалер: „Тоа што го направи не е паметно“

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека извикот на хрватскиот фудбалски репрезентативец Домагој Вида „Слава на Украина!“ не е паметен, и дека политиката и фудбалот не треба да се мешаат.

Меѓународниот фудбалски сојуз ФИФА им изрече предупредување на хравтскиот фудбалер Вида  и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ кои по четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Русија преку социјалните мрежи им испратија пораки на пријателите во Украина на кои Вида кажува „Слава на Украина“, а Вукојевиќ дека победата против Русија е „за Динамо и за Украина“.

По победата на Хрватска над Англија во средата во полуфиналето на Светскиот фидбалски шампионат, Вида се извини за видео-снимката опишувајќи ја како „грешка“.

Поранешниот играч на украинскиот клуб Динамо од Киев во претходна изјава кажа дека пораката не требало да биде политичка.

И Вида и Вукојевиќ значителен дел од играчките кариери ги минаа во Украина, а од Хрватскиот фудбалски дојуз соопштија дека пораките биле исклучиво одговор на бројните пораки на поддршка кои им стигнувале од Украина за време на Светскиот шампионат.

Националниот фудбалски сојуз сепак поради видеото го предупреди Вида, а Вукојевиќ го исфрли од штабот на репрезентацијата. Останатите репрезентативци ги повика да се воздржат од какви било пораки кои можат да се толкуваат во политички контекст.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе