Москва ги отвора училиштата, но ги продолжува рестриктивните мерки против ковид-19 за уште една недела

Москва ги продолжи сите мерки против ширењето на ковид-19 до 21 јануари, рече градоначалникот Сергеј Собјанин во четвртокот, со исклучок на учениците кои се враќаат во училиштата од понеделник.

Русија, која минатиот месец започна со вакцинација против коронавирус со вакцината Спутник V, не сакаше да ја затвори целата земја, како што го стори тоа за време на првиот бран, но се потпре на одредени рестриктивни мерки.

Собјанин рече дека програмата за вакцинација зема замав и дека илјадници луѓе се вакцинираат дневно. Сепак, бројот на луѓе во болниците е сè уште голем, што значи дека е можно само постепено олеснување на мерките.

„Ќе бидам директен. Одлуката да се откаже од учење на далечина беше многу тешка“, напиша градоначалникот на својата веб-страница.

Тој предупреди дека ризикот од ширење на инфекцијата е сè уште голем и дека само еден заразен ученик ќе значи дека целото одделение привремено се враќа на онлајн настава.

Рестрикциите во Москва вклучуваат порано затворање на кафулињата и рестораните, носење маски во продавници и во јавниот превоз, а компаниите мора да го намалат бројот на вработени во канцелариите.

Русија во средата пријави 22.850 новозаразени со ковид-19, вклучително и 4.320 случаи во Москва, со што вкупно има 3.471.053 случаи од почетокот на пандемијата.

Вкупно починале 63.370 луѓе.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе