Москва: Движењето на холандскиот воен брод е продолжување на провокациите

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова смета дека маневрирањето на фрегатата на холандската воена морнарица Евертсен во Црното Море претставувало продолжување на намерните провокации.

EPA-EFE

Таа на конференција за медиумите кажа дека НАТО всушност намерно ја дестабилизира ситуацијата долж руските граници и ја зголемува опасност од оружени инциденти и како пример ги наведе неодамнешните инциденти со британскиот разурнувач Дифендер и холандската фрегата во Црното Море.

Захарова истакна дека, спротивно на тврдењата на холандската страна, руските авиони за време на инцидентот извеле летови строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.

„Не станува збор за какво било кршење на правото на слободно пловење или создавање опасна ситуација“, истакна руската функционерка.

Фрегатата на холандската воена морнарица Евертсен, која се наоѓала во неутрални води, на 24 јуни го сменила правецот и се упатила кон Керченскиот теснец, а за да спречи нејзино влегување во руските територијални води полетале ловци Су-30 и бомбардери Су-24, што го приморало бродот да го смени курсот на пловење.

Ден претходно според руската страна британскиот разурнувач Дифендер влегол три километри во територијалните води и ја поминал руската граница кај ртот Фиолент на Крим, по што руски бродови испукале предупредувачки истрели, а авион Су-24 извел предупредувачко бомбардирање во насоката на движење на бродот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе