По американските критики

Москва до Вашингтон: А вие да се извините за Хирошима?

Министерството за надворешни работи на Русија се огласи по повод изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ја критикуваше ситуацијата на Крим.

EPA-EFE

„Го осудуваме изживувањето на Русија на Крим, особено на 18 мај кога одбележуваме 77 години откако Сталин депортираше бројни кримски Татари од својот роден полуостров. Се радуваме на учеството на самитот на Кримската платформа во август“, напиша Блинкен на Твитер, користејќи го хаштагот „Крим е Украина“.

Руската дипломатија, меѓутоа, не остана покуса по објавата на Блинкен, и одговори преку Твитер.

„Господине Блинкен, ќе се справиме самите, и во тага и во мака. Фокусирајте се на американските проблеми. За почеток, зборувајте ни за вашите достигнувања по 19-годишното американско присуство во Авганистан. Покрај тоа, за цивилните жртви...

А ако зборува за историјата, да се извините за Хирошима?“, се наведува на официјалниот профил на министерството за надворешни работи на Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе