Коронавирус

Москва до Пекинг: Имајте почит

Градоначалникот на Москва побара од Кина да ги почитува мерките што градот ги презема за да спречи ширење на коронавирусот откако кинеската амбасада се пожали за непропорционални дејства против кинеските државјани.

Во официјална жалба испратена до локалните власти, до која дошле руските медиуми, Амбасадата оваа недела го осуди она што го опиша како „сеприсутно набљудување“ на кинеските државјани во московскиот јавен превоз.

Но градоначалникот на Москва, Сергеј Собијан, денеска ги бранеше мерките и ја повика кинеската амбасада да ги поттикне своите граѓани во Москва да ги почитуваат мерките на карантин.

„Барам да нè разберете за овие неопходни мерки, чија цел е да спречат ширење на коронавирусните инфекции“, напишал Собијан во одговорот до амбасадата, јави новинската агенција Интерфакс.

Стотици луѓе се ставени во карантин низ цела Русија, која им забрани на многу категории кинески државјани да влезат во земјата. Властите во Москва вршеа рации врз потенцијални носители на вирусот и користеа технологија за препознавање лица во спроведувањето на мерките за карантин.

Тројца руски државјани се лекуваат во Русија откако го добиле вирусот на крузер во Јапонија, соопштија властите.

Двајца кинески државјани со вирусот исто така биле хоспитализирани во Русија, но оттогаш заздравеле и биле пуштени дома.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе