„Руската држава мора да ја штити својата територија“

Москва: Блокадата на Калининград би можела да доведе до воен конфликт

Заменик претседателот на одборот за надворешни работи на руската Дума Владимир Џабаров изјави денес дека одбивањето на Литванија до руската ексклава Калининград да ја пропушти стоката под санкции на ЕУ би можело да доведе до воен конфликт.

EPA-EFE

Џабаров кажа дека би можело да дојде до „оружен судир“ ако Калининград биде блокиран.

„Руската држава мора да ја штити својата територија и да ја чува нејзината безбедност. Ако забележиме закана за нашата безбедност која ја следи можност од губење територија, сигурно ќе преземеме екстремни мерки и ништо нема да нè сопре“, кажа Џабаров.

Неговата изјава следи по предупредувањето на Кремљ дека ќе реагира на ограничувањето на транзитот.

Обидот на Русија да употреби војска против Полска или Литванија би иницирал директен конфликт со НАТО, чии членки се Полска и Литванија.

Според повелбата на НАТО, сојузниците се обврзани да штитат која било нападната држава членка.

Литванија претходно истакна дека забраната за транзит на руската стока е дел од четвртиот пакет санкции на ЕУ и дека се однесува само на челик и метали кои содржат железо. Земјата ги отфрли тврдењата на Русија дека тоа е блокада на Калининград, бидејќи стоката која не е предмет на санкции и железничките патници можат да минуваат низ Литванија.

Во согласност со санкциите на ЕУ, од јули ќе биде забранет транзитот на некоја друга стока произведена во Русија, од август превозот на јаглен, а транзитот на нафта и нафтени деривати ќе биде забранет во декември.

Русија тврди дека транзитните ограничувања се кршење на претходните договори со ЕУ за слободно преминување на стоката до Калининград.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе