Реакција на најавата на Трамп

Москва: Американското повлекување од ракетниот договор може да предизвика војна (ВИДЕО)

Повлекувањето на САД од договорот со Русија за нуклераните проектили од среден дострел би можело да предизвика војна, изјави шефот на Одборот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Константин Косачев и побара свикување седница на Советот за безбедност на ОН, на кој би се разговарало за „кризната ситуација“.

„Западните сојузници на САД би морале да направат избор – или да се одлучат за истиот пат, што можед да доведе до нова војна, или да застанат на страната на здравиот разум, судејќи според инстинктот за преживување, бидејќи едвај некој би преживеал нуклеарно соочување, кое се приближува по едностраната одлука на САД“, напиша Косачев на Фејсбук, а пренесуваат руските медиуми.

Тој оцени дека треба да се одржат консултации меѓу четирите нуклеарни сили (без САД) и итно да се разговара на Конференцијата за разоружување во Женева, како и на седница на Советот за безбедност на ОН.

„Ситуацијата е критична и заканите за мирот добиваат специјална форма“, напиша Косачев.

Замникот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа дека Русија очекува од американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, кој денес пристигнува во Москва, да ги дообјасни плановите на Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарните проектили со среден дострел, бидејќи Русија го крши тој договор, а не даде ниту еден конретен пример за наводно кршење.

Договорот за уништување на ракетите од среден и краток дострел од 1987 забранува производство, тестирање и распоредување на нуклеарни и конвенционални ракети со дострел од 500 до 5.000 километри, и се однесува на балистички и крстосувачки ракети кои се лансираат од земја.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе