Бура Глорија во Шпанија

Делови од Каталонија поплавени со морска пена, гигантски бранови во Балеарските Острови,осум мртви (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа во источна Шпанија во бурата Глорија придружена со ветрови со налет од 144 километри на час и бранови високи до 13,5 метри, соопштија денес официјални лица.

Бурата Глорија донесе монструозни бранови кои поплавиле цели станбени згради во Мајорка, додека делови од Каталонија биле поплавени со морска пена на копното.

Морската пена, предизвикана од агитација на органска материја во водата, ги поплави улиците на Тоса Де Мар во Џирона. Поради лошите временски услови шпанските власти прогласија алармантни временски услови во неколку региони.

Три лица се водат за исчезнати четири дена откако Глорија започна да го поплавува регионот со пороен дожд и обилен снег.

Бурата денес почна да се повлекува, откако повеќе од 200.000 луѓе привремено останале без електрична енергија. Зад себе оставила уништени оризови полиња во делтата на реката Ебро, а во триесетина региони била прогласена тревога за поплава.

Глорија се смета за најтешка морска бура од 2003 година и веројатно најлоша во овој век, пренесува локалната телевизиска станица БЕТЕВЕ.

Морска вода се влева во делтата на реката Ебро, едно од најважните шпански мочуришта, поплавувајќи илјадници хектари оризови садници.

„Не можеме да се сетиме дека нешто слично се случило досега“, рече локалниот градоначалник Луис Солер.

„Драматично е да се види поплавена река и тоа како морето навлегува со километри во внатрешноста“.

Премиерот Педро Санчез преку Твитер ја изрази својата „поддршка и солидарност до семејствата на жртвите од Глорија и оние кои се најдоа на удар на фаталните последици од невремето“.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе