Коронавирус

Морничави бројки во Италија: вчера уште 651 мртов, вкупно скоро 60.000 заразени

Бројот на починатите од огромната епидемија што ја погоди Италија достигна 5.476, додека вкупниот број на потврдени случаи е близу 60.000, според најновите бројки на здравствените власти.

Италија вчера доживеа голем пораст на бројот на починатите од коронавирус, откако уште 651 заболен ѝ подлегнаа на оваа болест. Сепак, бројката не го надмина порастот во саботата, кога земјата забележа најголем број смртни случаи.

Вкупниот број на потврдени случаи со коронавирус во земјата сега изнесува 59.138 - скоро една петтина од заразените низ целиот свет.

Ломбардија останува најпогодениот регион во земјата, со над 27.000 случаи и скоро 3.500 смртни случаи.

Италија останува втората најтешко погодена земја во светот (во однос на вкупниот број случаи), но сепак бројот на нејзините починати веќе ја надмина бројката во Кина. Додека Кина веројатно веќе успеа да се справи со епидемијата, бројките во Италија продолжуваат рапидно да растат и покрај напорите на земјата да го спречи ширењето на вирусот. Италија и понатаму е во карантин на национално ниво, кој властите го воведоа на 12 март.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе