Скандал во британската морнарица

Морнари на британска воена подморница повлечени од должност откако „паднале“ на тест за кокаин (ВИДЕО)

Седуммина морнари на британската нуклеарна подморница ХМС Талент, кои требало да тргнат во операција на следење руски подморници во Северното Море „паднале“ на тестирање за кокаин.

Како што пишува британски Дејли мејл, тие се суспендирани поради дрога. Според тврдењата на британскиот таблоид, по пристигнувањето на нуклеарната подморница во морнаричката база во Девонпорт, каде екипажот требало да се подготви за „тајна мисија“ на Арктикот, дел од морнарите посетиле забава, по што паднале на тестирањето за наркотици.

По потврдувањето на резултатите на анализата морнарите ѝ биле предадени на воената полиција, додека испловувањето на ХМС Талент било одложено.

Причината за одложувањето на испловувањето не е наведена, но, како што пишува Дејли мејл, за испловување е потребен целиот екипаж.

Нуклеарната подморница ХМС Талент (С92) е шеста во серијата подморници од класата „трафалгар“ на кралската воена морнарица на Британија. Таа почна да се користи во мај 1990 година и носи крстосувачки проектили „томахавк“.

Сличен скандал на британската морнарица ѝ се случи во 2017 година. Тогаш за користење наркотици беа отпуштени девет морнари од подморницата ХМС Виџилант.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе