Морнар во Перл Харбор застрела три лица и потоа се самоуби (ВИДЕО)

Американски морнар во историската воена база во Перл Харбор вчера застрела три лица, од кои две фатално, по што си го одзема животот, соопштија воени претставници.

Заедничката база Перл Харбор-Хикам на Твитер објави дека сите жртви се цивили вработени во Министерството за одбрана на САД, но не дадоа дополнителни информации за нивниот идентитет.

Две лица им подлегнале на здобиените повреди, додека трета жртва е хоспитализирана и е во стабилна состојба.

Гувернерот на државата Хаваи, Дејвид Иге изрази солидарност со жртвите од нападот, истакнувајќи дека безбедносните сили во базата сè уште истражуваат.

Тој исто така рече дека е контактиран од Белата куќа за евентуална помош од федералните агенции.

„Претседателот е запознаен со пукањето во заедничката база Перл Харбор-Хикам на Хаваи и продолжува да ја следи ситуацијата“, изјави портпаролот на Белата куќа.

Базата, која настана со спојување на поморската база Перл Харбор и воздухопловната база Хикам, околу два часа по инцидентот, што се случи околу 14:30 часот по локално време, е заклучена. Базата ги поддржува американските воздушни сили и морнарицата на Пацификот и е на 13 километри оддалеченост од Хонолулу.

Неименуван сведок за Хаваи Њуз изјави дека слушнал истрели во близина на пристаништето во бродоградилиштето Перл Харбор, а станувајќи од бирото во далечината го забележал напаѓачот, облечен во униформа на американската морнарица, како го вперува пиштолот во глава и пука.

Инцидентот се случи три дена пред 78-годишнината од јапонскиот напад на 7 декември 1941 година на поморската база Перл Харбор, а со кој се одбележа и влегувањето на Соединетите Американски Држави во Втората светска војна.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе