Претежно се работи за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките, кои потоа до морето доведуваат абнормални количини пластични и други амбалажи, а морските струи и бранови со ѓубре го затрупуваат морското дно и крајбрежјето во Хрватска.
Се разбира, пишува Далмација данас дури и локалното население не е „вакцинирано“ против еколошкото самоубиствено однесување.
На фотографијата објавена од Далмација данас што пристигнува од Дубровник совршено се прикажани плодовите од години небрежност.