Боливија

Моралес: САД ми понудија авион за да избегам, гарант ќе ме однесеа во Гвантанамо

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, во интервју за Ројтерс во Мексико Сити во петокот изјави дека Соединетите Држави му понудиле авион за да го изнесат од Боливија.

Моралес претходно оваа недела поднесе оставка под притисок и ја напушти Боливија по протестите и насилството по изборите на 20 октомври, за кои беше масовно обвинуван за измама. Тој доби азил во Мексико.

„Соединетите Американски Држави му се јавија на министерот за надворешни работи (на Боливија) да понудат да ни испратат авион за да нè однесе таму каде што сакаме. Бев сигурен дека тоа ќе беше Гвантанамо“, рече Моралес со насмевка.

„Само заради демократијата, ако не сакаат да учествувам, јас немам проблем да не учествувам на новите избори“, рече Моралес. „Само се прашувам зошто сите толку се плашат од Ево“, додаде тој.

Моралес рече дека сака да се врати во Боливија веднаш штом неговата оставка ќе биде одобрена според боливискиот закон.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе