Монсунски дождови за три дена во Индија убија 113 луѓе (ВИДЕО)

Во обилните дождови во индиските држави Утар Прадеш и Бихар загинаа најмалку 113 лица во последните три дена, болничките одделенија се поплавени и надлежните се принудени да ги евакуираат затворениците, јави Ројтерс.

Индиската сезона на монсуните започна во јуни и обично започнува да се повлекува на почетокот на септември, но обилните дождови продолжија и предизвикаа поплави.

Најмалку 93 луѓе загинаа во најнаселениот Утар Прадеш од петокот кога источните области беа погодени со обилни монсунски дождови.

Зголемувањето на нивото на водата ги принудија властите да евакуираат 900 затвореници од затворот во источна Балија, рече полицаецот Сантош Верма.

Во соседниот Бихар, осиромашен земјоделски регион погодена од поплави претходно оваа година, бројот на загинатите се зголеми на 20 лица.

Патна, главниот град на Бихар и дом на два милиони луѓе, е тешко погоден. Домови, продавници и болнички оддели се поплавени. Некои жители се спасувани со чамци.

„Дождовите престанаа, но многу области се поплавени“, рече секретарот на Кабинетот за катастрофи, Амод Шаран.

Метеоролозите овој месец предупредија дека сезонските монсунски дождови за прв пат по шест години ќе бидат надпросечни.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе