Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата. На снимката се гледа како такси возилото влегува на паркингот пред болницата и експлодира.
45-годишниот таксист по сè изгледа бил заложник на бомбашот и им дал знак на граѓаните да не приоѓаат до автомобилот, а на снимката се гледа дека само неколку секунди по експлозијата еден човек притрчува до возилото и го извлекува од него.
Според неофицијални информации токму таксистот, ризикувајќи го сопствениот живот, го заклучил бомбашот во автомобилот и со тоа го спречил да втрча во болницата и да ја активира бомбата.