Снимката покажува дека демонстрантите мошне лесно ги совладале полицијата и чуварите што ја обезбедувале зградата на Капитол. Со урлање, навивање, веење американски знамиња, фрлање предмети, па дури и со натегање со полицијата, толпата на крај успеа да влезе во зградата на Конгресот. Снимката најпрво беше објавена на ТикТок, а потоа и на Твитер.
This video of the siege of the Capitol on TikTok is crazy and different than I had seen pic.twitter.com/JXwvKVLjxB
— Matt Jones (@KySportsRadio) January 7, 2021
Четири лица загинаа, а 52 беа уапсени откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот во средата за да ја спречат потврдата на изборната победа на неговиот наследник Џо Бајден, соопшти полицијата на американскиот главен град.