Моментот кога 19-годишниот Русин влезе во училиштето во Казањ и уби девет луѓе (ВИДЕО)

Рускиот онлајн-медиум Маш објави снимка на која се гледа токму моментот кога 19-годишниот напаѓач Илназ Галјавиев влегува во училиштето бр.175 во Казањ, непосредно пред да почне да пука во учениците рано утрово, пренесува РТ.

Фото: ЕПА

На видеото, објавено на интернет по заробувањето на напаѓачот, може да се види како Галјавиев чекори кон влезот на училиштето и го вперува оружјето во некого непосредно пред зградата.

Друг клип, објавен исто така од Маш, покажува како убиецот оди по улица во Казањ, носејќи огнено оружје во раката. Снимен во 9 часот и 24 минути по локално време, се гледа како Галјавиев носи маска и мавта со оружјето кон случаен минувач.

Според локалните власти, Галјавиев потоа уби една наставничка и седум ученици, испраќајќи уште многумина во болница. Информациите од новинската агенција РИА новости велат дека двајца ученици загинале откако скокнале од прозорец за да избегаат од пукањето.

Пред терористичкиот напад, Галјавиев својата намера да убива ја објавил на социјалните мрежи, нарекувајќи се себеси „бог“.

Казањ се наоѓа на околу 700 километри источно од Москва и е главен град на Татарстан, република со муслиманско мнозинство. Со над 1,2 милион жители, Казањ честопати се нарекува „трета престолнина на Русија“.

По пукањето, рускиот претседател Владимир Путин му нареди на шефот на Националната гарда Виктор Золотов да покрене итна ревизија на законите за оружје и да воведе нови ограничувања за видовите оружје што може да ги поседуваат цивили.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе