Момчило Краишник почина од последици од коронавирусот

Осудениот воен злосторник и првиот српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Момчило Краишник, почина од последици од коронавирусот, објави Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука.

Тој пред две недели бил примен во болница поради пневмонија и почина на 75-годишна возраст.

Краишник е роден и израснат во Сараево, каде што магистрирал економија.

Заедно со Радован Караџиќ, тој е еден од основачите на Српската демократска партија и прв претседател на тогашното Собрание на српскиот народ на БиХ, кое подоцна стана Национално собрание на Република Српска.

По Дејтонскиот договор и формирањето на тричленото претседателство на БиХ, Краишник стана првиот претставник на Србите во тоа тело.

Во април 2000 година беше уапсен и изведен пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, каде што му се судеше за воени злосторства.

Во првостепената постапка беше осуден на 27 години затвор, а во апелационата постапка казната му беше намалена на 20 години затвор.

Краишник е одговорен за злосторства против човештвото - убиства, истребување, политички, расни и верски прогони, депортации и присилно преместување на босански муслимани и Хрвати.

Откако издржа две третини од казната, тој беше ослободен од затвор во Велика Британија во 2013 година.

По враќањето во Босна и Херцеговина, тој се вклучи во општествениот живот преку создавањето на организацијата Создавачи на Република Српска.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе