Момче во САД запали три црнечки цркви, доби 25 години затвор

Младо момче кое минатата година призна дека запали три црнечки цркви во американската држава Луизијана, е осуден на 25 години затвор и мора да им плати отштета на црквите во износ од 2,66 милиони долари.

Фото: Фејсбук

Холден Метјус, 23, во февруари оваа година се изјасни за виновен за подметнување пожар во три баптистички цркви во април 2019 година. Тој рече дека го сторил тоа „поради верскиот карактер на тие згради, во обид себе си да се утврди како блек метал музичар“, пишува Си-ен-ен.

Имено, Метјус го копирал блек метал музичарот кој во Норвешка во 1990-тите години палел цркви. Откако Метјус минатата година ги запали црквите, се сликал со својот мобилен телефон и ги објавил фотографиите на Фејсбук.

Метјус мора да плати 590.246 долари на едната, 970.213 долари на другата и 1,1 милион долари отштета на третата црква. Тој исто така е осуден на 25 години затвор.

„Црквите успеаја да преживеат речиси 150 години, но не го преживеаја чинот на омраза од обвинетиот“, рече помошникот јавен обвинител Ерик Драјбанд.

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе