Момче мигрант почина во притвор во болница во САД

Шеснаесетгодишен мигрант без придружба од Гватемала почина во болница во Тексас, додека беше во притвор, рекоа официјални лица.

Момчето починало во вторникот по неколку дена интензивна нега во педијатриска болница, се вели во соопштението од американската Управа за здравство (ХХС), без објавување на името на болницата или на нејзината локација.

Две деца од Гватемала починаа во декември. Американските функционери предупредуваат дека ќе има повеќе трагедии поради помасовното доаѓање на имигранти, кои носат сериозни болести со себе.

„Кога дојде во прифатилиштето, малолетникот не спомна никакви здравствени проблеми“, се вели во соопштението и се додава дека следното утро тој „доби треска и главоболки“.

Бил однесен во одделот за вонредни состојби во локалната болница. Причината за смртта сè уште се истражува.

Неговата смрт доаѓа во време кога бројот на мигрантите на јужната граница на САД е историски висок. Белата куќа во вторникот побара од Конгресот 4,5 милијарди долари за адекватно решавање на миграцијата, со обезбедување 2,5 милијарди за згрижување деца и малолетници без придружба.

Досега годинава, во споредба со минатата, 66 проценти од малолетниците без придружба се фатени или сами се предале.

Вкупно ги има 35.898, а речиси две третини се во Тексас, според наводите на американската Царинска и гранична заштита од март.

Бројот на семејствата со деца порасна за 374 отсто од март, во споредба со минатата година.

Критичарите на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговата миграциона политика, меѓу кои и некои републиканци во Конгресот, повикаа на подобри медицински прегледи на границата за навремено да се забележат сличните случаи и да се спречи смрт.

По смртните случаи во декември, администрацијата на Трамп најави промена на политиката, која ќе помогне да се спречи умирањето деца во притвор, вклучувајќи и поцелосни здравствени прегледи.

Речиси милион мигранти се очекува да стигнат на границата меѓу САД и Мексико до крајот на годинава, што е најголем пораст од 2000 година.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе