Молња уби 5 лица во Полска, над 100 повредени, жител го снимил невремето (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а повеќе од стотина се повредени при удар на громови во Полска, рече премиерот Матеуш Моравјецки.

Молња, меѓу другите локации, удрила и во група планинари кои се наоѓале на самит на врвот Гивонт, популарна дестинација кај странски и домашни туристи, висок 1.894 метри. Молњата удрила во 15 метарски метален крст.

Гивонт е врв на планинскиот венец Татри што се наоѓа на границата меѓу Полска и Словачка.

Татрите се дел од планинскиот венец Карпати, и се највисоки планини во Полска и во Словачка и привлекуваат туристи со своите високи врвови и прекрасни езера.

Четири лица починале од полската страна, меѓу кои и две деца, додека едно лице починало од словачката страна на планината.

Невремето избувна одеднаш, по сончево утро.

„Никој не очекуваше такво ненадејно невреме и од наша гледна точка тоа беше нешто што човек не може да го предвиди“, рече полскиот премиер, јави Би-би-си.

Повеќе од сто лица се повредени низ планинскиот венец, а четири хеликоптери се на терен.

Жител на градот Закопане, планинско одморалиште во регионот на Татрите објави видео на кое се гледа молњата.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе