Русија го отфрли повикот на новата претседателка

Молдавија бара повлекување на руските трупи од земјата

Кремљ ги отфрли повиците на новата претседателка на Молдавија, Маја Санду, руските трупи да се повлечат од одметнатиот регион Придњестровие, наведувајќи дека тоа би довело до сериозна дестабилизација. Санду, поранешната економистка на Светската банка која форсира поблиски врски со Европската Унија, го порази прорускиот претседател Игор Додон во вториот круг на претседателските избори во Молдавија на 15 ноември.

EPA-EFE

Рускиот претседател Владимир Путин веднаш ѝ честиташе на Санду, но Ројтерс истакнува дека поразот на Додон претставува удар за Кремљ во Молдавија. По победата Санду испрати пораки на помирување, но вчера побара повлекување на руските трупи од Придњестровие за на нивно место да дојдат цивилни набљудувачи од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

Русија има околу 1.500 војници во Придњестровие. „Русија тврди дека Оперативната група руски сили (ОГРФ) ги чува магацините со муниција, но не постојат никакви билатерални договори за ОГРФ и за магацините со муниција“, кажа Санду за рускиот портал РБЦ.

„Тие магацини за нас се голем проблем. Тоа е опасно“, кажа таа. „Тоа оружје треба да биде отстрането, а ОГРФ да се повлечат“.

Во реакцијата на ова барање, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека Русија очекува од властите во Кишњев да останат конструктивни. „Русија врши многу важна функција... и нормално дека промена на статусот кво би можела да доведе до сериозна дестабилизација“, им кажа Песков на новинарите во Москва. „Се надеваме дека за ова ќе разговараме и дека нема да има ненадејни потези“, истакна Песков.

Околу третина од популацијата од вкупно 500.000 жители во Придњестровие се етнички Руси, а во регионот главно се зборува руски јазик. Овој сепаратистички регион водеше кратка војна со Молдавија во 1992 година, и прогласи независна држава, која меѓутоа не ја призна ниедна друга држава, вклучувајќи ја Русија.

Одделни проруски политичари и понатаму стравуваат дека Романија еден ден може да се обиде да ја припои Молдавија, со која има заедничка култура и јазик, и дека по победата на Санду руското влијание несомнено ќе почне да слабее.

Кишњев во 2014 потпиша политички и трговски договор со ЕУ, што ја налути Москва, иако Брисел е сè погласен во критиките на Молдавија во поглед на реформите и сузбивањето на корупцијата.

Обединетите нации усвоија во 2018 резолуција со која повикуваат на итно и целосно повлекување на руските мировни трупи од Придњестровие.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе