Моќта на ураганот Ирма ја смени бојата на Карибите (САТЕЛИТСКИ СНИМКИ)

Ураганот Ирма ја смени бојата на карипскиот пејзаж кога профуче низ островите како силна бура од петта категорија.

Сателитските слики, објавени од НАСА, покажуваат дека претходно бујната зелена вегетација е заменета со каллива кафеава боја.

Снимени со Оперативниот земјен снимач (ОЛИ) на сателитот Лендсат 8, природните бои на фотографиите го покажуваат екстремниот контраст во пејзажот пред бурата, на 25 август, и по невремето, на 10 септември.

Ова се едни од ретките досегашни сателитски слики од областа што релативно се без облаци, според Земјината опсерваторија на НАСА.

Според научниците, постојат голем број можни причини за менувањето на бојата на земјиштето во кафеава. Невремето можеби ја искорнало зелената тропска вегетација, па на сателитските снимки гледаме опустошена почва.

Исто така е можно солта распрскана од Ирма да ги обложила и да ги исушила лисјата уште додека биле на дрвјата.

Во меѓувреме, сликите направени одблиску од островот Вирџин Горда откриваат дека дел од вегетацијата на југ и западно од островот е позелен. Ова најверојатно е резултат на ридовите што ја штителе областа од силата на ветровите, вели НАСА.

Се гледаат и разлики во бојата на океанот - понемирните водни површини расфрлаат повеќе светлина и изгледаат посветли.

Споредувајќи ја кафеавата вегетација на Барбуда со позелената Антигуа, јасно е дека Барбуда беше најтешко погодена од невремето. Се верува дека се уништени околу 95 отсто од зградите на островот, оставајќи ги речиси сите 1.600 жители без дом.

Ирма ги помина североисточните карипски острови на 6 септември со максимални одржливи ветрови од 295 километри на час.

Во целиот карипски регион имаше најмалку 38 смртни случаи како резултат на ураганот Ирма.

Објавено

Вторник, Септември 12, 2017 - 14:35

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе