Моќен говор на братот на убиениот Џорџ Флојд: „Зошто дивеете?“ (ВИДЕО)

Братот на Џорџ Флојд, Теренс Флојд вчера го посети местото каде што почина неговиот брат и муралот направен во чест на неговиот брат.

Фото: Твитер

Тој им се обрати на сите оние кои прават немири за време на протестите, велејќи дека ако тој ништо не крши и не уништува, тогаш зошто тие го прават тоа, додавајќи дека ништо од тоа нема да го врати неговиот брат.

Тој рече дека неговото семејство е мирољубиво и ги повика сите да бараат промени по мирен пат и да гласаат на изборите.

„Јас не дивеам тука. Не дојдов ништо да кренам во воздух. Не правам хаос во мојата заедница. Што правите вие? Ништо не правите. Затоа што ништо од тоа нема да го врати мојот брат“, им рече тој на собраните.

„Во секој случај на полициска бруталност се случува истото. Протестирате, уништувате работи и ништо не се случува затоа што тоа не се нивни работи. Тоа се наши работи. Тие сакаат да ги уништиме. Па ајде да го направиме ова поинаку“, рече тој.

Тој додаде пред собраните дека треба да престанат да мислат дека нивниот глас не е важен и да излезат на гласање, и тоа не само на претседателските избори, туку на сите избори.

„Едуцирајте се, знајте за кого гласате. Така ќе ги победиме, ќе промениме сè. Не чекајте друг да ви каже кој е кој, знајте за кого гласате и така ќе ги победиме. Во игра се многу пари, и нас не има многу. И секако ова ќе го сториме по мирен пат“, рече тој.

Тој додаде дека знае дека неговиот брат не би сакал да се случуваат вакви работи.

Неговиот пријател и свештеник Кевин Мекал изјави дека семејството ги моли демонстрантите да продолжат со протестите, но да продолжат мирно.

„Ова семејство бара мир. Ова семејство повикува на мир. Испраќам порака до сите луѓе во оваа земја да престанат со немирите. Подигнете знак на мирот. Силата е во бројките“, рече тој.

„Мир во левата, правда во десната“, е слоганот кој на крајот го извикуваа собраните, кревајќи ги рацете во воздух.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе