Могерини напуштила состанок „навредена од Харадинај“

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини напуштила состанок на Советот за придружување и стабилизација навредена од барање на премиерот на Косово Рамуш Харадинај, јавуваат српски медиуми.

Тој барал да се зголеми учеството на САД во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина.

Танјуг јавува, повикувајќи се на извори од Брисел, дека пораката на ЕУ до косовскиот премиер Харадинај е дека Косово мора сериозно да работи на својата европска перспектива и да ја искористи шансата дадена на целиот регион во тој однос.

Претходно денес беше ненадејно откажана конференцијата за медиуми на шефицата на европската дипломатија Могерини и премиерот на Косово Рамуш Харадинај, која беше планирана по завршувањето на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Косово.

Официјалното објаснување на европската страна за причината за откажувањето е „проблеми со агендата“.

Косовските дописници од Брисел јавуваат за „лошата атмосфера“ која владеела за време на состанокот кој бил одржан денес во зградата на Европскиот совет.

Се наведува дека инсистирањето на Харадинај на поголемо учество на САД во дијалогот меѓу Косово и Србија, со кој посредува ЕУ, Могерини го сфатила лично и ја напуштила средбата пред нејзиниот крај.

Ова е прва официјална средба на Харадинај на Брисел по преземањето на премиерската функција.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе