Могерини: Косово останува политички приоритет на ЕУ

ЕУ испраќа своја набљудувачка мисија да ги следи предвремените парламентарни избори на Косово закажани за 6 октомври, соопшти европската надворешнополитичка служба.

Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини кажа дека Косово „останува политички приоритет“ за ЕУ и дека испраќањето мисија на изборите го потврдува продолжениот ангажман и посветеноста на ЕУ на поддршката на демократските процеси на Косово.

Могерини ја именуваше Виола фон Крамон Тобадел, членка на Европскиот парламент, за шефица на набљудувачката мисија на Косово и кажа дека е уверена дека мисијата предводена од Крамон Тобадел „ќе придонесе на инклузивни, веродостојни и транспарентни избори“.

„Овие избори се одвиваат во важен момент за Косово кога тоа мора порешително да се движи кон напредок на својот европски пат, во реформите и нормализацијата на односите со Србија“, кажа Могерини.

Помал тим од девет изборни експерти на ЕУ пристигнаа во Приштина на 7 септември и ќе останат до крајот на изборниот процес. Подоцна во септември ќе им се придружат 18 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ земјата, а за изборите уште дополнителни 36 краткорочни набљудувачи.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе