Модерна започна со тестирање на вакцината против ковид врз деца и бебиња

Американската фармацевтска компанија Модерна објави дека започнала со тестирање на вакцината против ковид-19 врз деца.

Фото: ЕПА

Клиничкото тестирање наречено „Кид-ков“ ќе опфати приближно 6.750 деца во САД и Канада на возраст од 6 месеци до 11 години, пишува Си-ен-ен.

Тестирањето е поделено на два дела. Во првиот, на децата ќе бидат тестирани различни дози од вакцината. Деца на возраст од 6 месеци до 1 година ќе примат две дози на вакцина (25 до 50 микрограми) во интервали од околу 28 дена, а оние на возраст од 2 до 11 години ќе добијат две дози во истиот период, но од 50 до 100 микрограми.

Податоците од првиот дел од тестирањето ќе се користат за одредување на дозата во вториот дел, која ќе вклучува контролна група на деца кои ќе добијат плацебо. Специјалисти ќе ги следат децата 12 месеци по приемот на втората доза за да се утврди разликата помеѓу ефективноста на вакцината и плацебото и можните несакани ефекти.

„Оваа педијатриска студија ќе ни помогне да ја процениме потенцијалната безбедност и имуногеност на нашиот кандидат за вакцина против ковид-19 кај помладата популација“, рече извршниот директор на Модерна Стефан Бансел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе