Модерна: Нашата вакцина е 96 проценти ефективна кај деца од 12 до 17 години

Американската фармацевтска компанија Модерна објави дека нејзината вакцина против коронавирус е ефикасна 96 проценти кај деца на возраст од 12 до 17 години, според резултатите од првите клинички испитувања.

Фото: ЕПА

Две третини од 3.235 учесници во студијата во САД примиле вакцина, а една третина плацебо.

Студијата „покажала ефикасност на вакцината против ковид-19 од 96 проценти. Вакцината иРНК-1273 генерално добро се поднесува и досега не е забележано ништо сериозно да покрене прашања за безбедноста на вакцината“, се вели во соопштението на компанијата.

Во рамки на испитувањето се откриени 12 случаи на коронавирус 14 дена по првата доза. Резултатите се базираат на следење на испитаници во просек 35 дена по втората доза на вакцината.

Фармацевтската компанија рече дека несаканите ефекти биле „лесни или умерени по тежина“, најчесто болка на местото на инјектирање. По втората доза, несаканите ефекти вклучувале „главоболка, замор, болки во мускулите и треска“, слични на оние забележани кај возрасни кои примиле вакцина.

„До денес, не се утврдени сериозни причини за загриженост во врска со безбедноста на вакцината“, се додава во соопштението.

Модерна вели дека во моментов е во „разговори со регулаторите во врска со потенцијалните измени и дополнувања на нејзините регулаторни пријави“ за одобрување на вакцината за оваа возрасна група.

Вакцината во моментов е одобрена само за лица над 18 години.

Компаниите Фајзер и Бајонтек веќе поднесоа барање за одобрување на сопствената вакцина за деца на возраст од 12 до 15 години во САД и Европа. Во среда, Канада стана првата земја што ја одобри вакцината Фајзер/Бајонтек за оваа возрасна група.

Вакцинацијата на тинејџери е следниот чекор во кампањата за конечно запирање на епидемијата.

Модерна во март започна со тестирање на вакцината врз деца на возраст од шест месеци до 11 години.

Фајзер и Бајонтек во вторникот објавија дека се надеваат дека во септември во САД ќе поднесат барање за итно одобрување на нивната вакцина за деца на возраст од две до 11 години.

Извршниот директор на Фајзер Алберт Бурла рече дека компанијата може да поднесе барање за одобрување на вакцинирање на деца на возраст од шест месеци до две години „во четвртиот квартал“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе