Криза предизвикана од пандемијата

ММФ: На Африка ѝ се потребни 1,2 билиони долари за да заздрави од пандемијата

На Африка во следните три години ќе ѝ бидат потребни 1,2 билиони долари за да заздрави од економската штета и здравствените трошоци предизвикани од епидемијата на коронавирусот, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Фото: ЕПА

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, рече дека светот мора да стори повеќе за да го помогне закрепнувањето на Африка од оваа криза.

Во Африка се регистрирани помалку инфекции и смртни случаи како резултат на ковид отколку на повеќето други континенти, пренесува Би-би-си.

Сепак, Светската банка соопшти дека уште 43 милиони Африканци се изложени на ризик од екстремна сиромаштија како резултат на пандемијата.

„Економските последици го поништуваат претходниот тренд на силен раст во Африка. „Многумина останаа без работа, а семејните приходи се намалени за 12 проценти“, рече Георгиева на виртуелниот состанок на ММФ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе