Младиќ ја испрати првата порака по пресудата: „Ова е само прво полувреме“

Ратко Младиќ кажа дека ќе се бори сѐ додека е жив, пренесуваат регионалните медиуми.

По пресудата, осудениот Младиќ преку синот Дарко порача дека сето ова било само прво полувреме.

„Ќе се борам сѐ додека сум жив, да се укинат овие наметнати лаги и да се открие вистинската вистина за борбата на Србите. Ова беше само прво полувреме“, порача тој.

„Мојот татко порача дека сѐ е лага, дека Хаг не е суд туку комисија на НАТО и дека ова не е правда. Сѐ е исклучиво обид да се криминализира српскиот народ, кој се штитеше од агресија“, додаде Дарко Младиќ.

„Бевме десетина минути заедно по пресудата. Беше лут, иако го очекуваше сето ова. Ја тешеше мојата мајка, ѝ зборуваше да не се грижи, бидејќи ѝ беше тешко“, додава тој.

„Ова тело што се нарекува Суд за злосторства во поранешна Југославија не успеа во мисијата бидејќи ги занемари многубројните српски жртви. Денес сведочевме како правдата е заменета со воена пропаганда. Фактите се занемарени. Пресудата е спротивна на вистината. Целта ѝ е ширење пропаганда и оневозможување на идниот мирен живот во регионот“, заклучи синот на Ратко Младиќ.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе