Млади Американци во Рим во 2019 година убиле полицаец, добија доживотен затвор

Двајца американски туристи се прогласени за виновни за убиство на италијански полицаец што се случило во јули 2019 година во Рим и се осудени на доживотен затвор.

EPA-EFE/ALESSANDRA TARANTINO

Финеган Ли Елдер, кој за време на убиството имал 19 години, признал дека го прободел полицаецот Марио Черчела Регу во раните утрински часови на 26 јули 2019 година, додека неговиот пријател Гејбриел Кристијан Натале-Хјорт, кој во тоа време имал 18 години, се карал со друг полицаец.

Но, двајцата Американци тврделе дека дејствувале во самоодбрана затоа што сметале дека полицајците, кои не носеле униформи, всушност биле крадци кои сакале да ги ограбат по неуспешниот обид да купат дрога.

Судот ги отфрли нивните сведочења и ги осуди на најтешка можна казна во Италија.

Осудените на доживотен затвор можат да бидат условно пуштени на слобода по издржување на 21 година, и тоа во случај на добро однесување.

Младите Американци се прогласени за виновни и за обид на изнуда, напад, пружање отпор на јавен службеник и носење нож за напад без оправдана причина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALESSANDRA TARANTINO

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе