Младата шведска климатска активистка: „Спасете го светот како што сакате да ја спасите катедралата Нотр Дам“ (ВИДЕО)

Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која ги поттикна протестите на младите против глобалното загревање, ги повика европските лидери да дејствуваат и да ја зачуваат планетата исто како што ветија дека ќе ја обноват од пожар опустошената париска катедрала Нотр Дам.

„Вчера целиот свет со така и очај сведочеше на пожарот во катедралата Нотр Дам, но Нотр Дам ќе се обнови“, кажа Тунберг во Европскиот парламент во Стразбур.

16-годишната тинејџерка го привлече вниманието откако се довози со велосипед до зградата на шведскиот парламент минатиот август со рачно напишан транспарент „Училишен штрајк за климата“ (School Strike 4 Climate).

Илјадници ученици тргнаа по нејзините стапки, а младински организации организираа протести во повеќе од 40 земји.

„Сакам да ве фати паника. Сакам да дејствувате како куќата да ви гори“, кажа Тунберг. „Бројни политичари му кажаа дека паничењето не носи ништо добро. Се сложувам, но кога ви гори вашата куќа и сакате да спречите уривање, тогаш е добро малку да се паничи“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе