Во тек е спасувачка операција

Млад кит залута во реката Темза, повреден е (ВИДЕО)

Лондонските итни служби во текот на ноќта интервенирале поради кит што залутал во реката Темза во југозападен Лондон.

Фото: скриншот

Сведоци во Ричмонд Лок синоќа го виделе младиот кит и тој во моментов е на ветеринарна нега.

Ветеринарите сега ќе проценат дали е доволно силен за да биде пуштен назад во морето.

Би-би-си јавува дека неговиот живот „сè уште виси на конец“ и дека е повреден.

Спасувачите пристигнале вчера околу 21 часот по локално време за да го спасат китот.

Ним им се придружиле пожарникари и поморски нуркачи и по неколку часа го преместиле на безбедно.

„Сите се надеваме дека тој ќе се извлече од ова. Не можевме да им веруваме на очите кога го видовме, кутриот. Вакво нешто не се случува секој ден“, рече еден од сведоците.

 

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе