Мјанмарската војска убила 80 демонстранти: „Ова е како геноцид“ (ВИДЕО)

Мјанмарските безбедносни сили убиле повеќе од 80 луѓе со гранати во град во близина на Јангон, јавија Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП) и локалните медиуми.

EPA-EFE

Деталите за загинатите во градот Багу, 90 километри североисточно од Јангон, на почетокот не биле достапни бидејќи безбедносните сили ги скриле телата во верскиот комплекс Зејар муни и ја оградиле таа област.

Во извештајот на ААПП се наведува дека 82 лица биле убиени за време на протест против воениот пуч кој се случил на 1 февруари.

„Пукањето почнало пред зори во петок, а продолжило и попладне“, јавува весникот Мјанмар нова.

„Ова е како геноцид“, кажал организаторот на протестот Је Хтут и додал дека „пукаат во секоја сенка“.

Во неколку постови на социјалните мрежи се тврди дека голем број од жителите на градот избегале.

Портпаролот на мјанмарската воена хунта бил недостапен за коментар денес.

Од ААПП, кој ја одржува дневната евиденција на демонстранти убиени или уапсени од безбедносните сили, претходно јавија дека 618 луѓе се убиени од почетокот на немирите.

Таа бројка ја оспорува војската која и понатаму тврди дека го извршила пучот бидејќи изборите на кои победи партијата на лидерката Аунг Сан Су Кји во ноември биле наместени.

Државната изборна комисија го отфрли тврдењето на војската.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе