Мјанмар за етничкото чистење на муслиманите: „Рохинџите не постојат, тоа се лажни вести“

И покрај осудата и предупредувањата од меѓународната заедница, Мјанмар во најновото соопштение го негира самото постоење на муслиманското малцинство Рохинџа, пренесуваат агенциите.

Светските медиуми ги нарекоа Рохинџите најпрогонувано малцинство во светот, а меѓународната заедница го осуди нивниот прогон по потресните извештаи и предупредувањата на организациите за човекови права.

ОН прогонот на Рохинџите во мјанмарската држава Рахин го нарече класичен пример за етничко чистење. Организацијата Хјуман рајтс воч објави потресни сведоштва на преживеаните, кои опишаа како мјанмарската војска им ги уништила селата, им ги убила семејствата и во својот поход спроведувала системско групно силување.

Неодамна и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го нарече прогонот на Рохинџите во Мјанмар етничко чистење, а папата Франциско се сретна со бегалците во Бангладеш и ги замоли да му простат на целиот свет за неговата рамнодушност околу прогонот.

Мјанмарските власти упорно ги негираат злосторствата на својата војска и тврдат дека конфликтите почнале поради нападот на муслиманските бунтовници во август, спротивно на изјавите на сведоците кои тврдат дека почнале многу порано. Мјанмар е мнозински будустичка земја и од самиот почеток не ги признава Рохинџите за свои државјани, а папата Франциско за време на азиската турнеја беше предупреден да не го изговара нивното име бидејќи е забрането.

Хјуман рајтс воч побара од Советот за безбедност на ОН да наметне ембарго и санкции против воените лидери одговорни за кршењето на човековите права во Мјанмар. Во најновата изјава службеник на министерството за безбедност на држава, Рахин Кјав Сан Хла кажа: „Рохинџите не постојат. Тоа се лажни вести“.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе