По средбата во Берлин

Митаракис: Пет грчки острови го носат товарот на европската миграциска криза

Повеќе од 74.000 бегалци и мигранти пристигнаа во Грција во 2019 година, според бројките на ООН. Повеќето од нив пристигнаа на источните егејски острови Лезбос, Самос и Хиос по преминувањето на Турција. Околу 40.000 сега се заглавени на островите.

„Денес пет острови од северниот дел на Егејско Море го носат товарот на миграциската криза во име на цела Европа“, рече министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, по средбата со заменик-министер за внатрешни работи на Германија, Хелмут Тајхман, и истакна дека „ова мора да се промени".

Митаракис заедно со алтернативниот министер за миграција и азил, Јоргос Кумуцакос, во Берлин се сретна со германскиот министер и разговарале за потребата да се поддржи европскиот буџет за миграциското прашање за 2020 година, како и за потребата да се заштитат границите, преку зајакнување на улогата на ФРОНТЕКС.

„Разговаравме за потребата да се планираат со ЕУ заеднички враќања, за потребата да има праведна распределба на бегалците во Европа со брзо префрлање од островите, за потребата за борба против шверцерите и прашањето за преземање активности за децата без придружба“, рече Митаракис по вчерашната средба во Берлин и додаде дека Германија прифатила да има активна улога во новиот центар на островот Самос, преку помош за здравствени прашања, инфраструктурата и техничката поддршка, како и помош во процесот за доделување азил.

Грчки службеници на крајбрежната стража спасија најмалку 184 мигранти и бегалци во пет одделни операции во текот на изминатите 24 часа, пренесе вчера Катимерини.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе