Мистериозното воспаление на белите дробови се шири во Кина, сè повеќе заболени

Кина во неделата извести за уште 17 случаи на пневмонија предизвикани од новиот тип на корона вирус, предизвикувајќи загриженост додека земјата се подготвува за прослава на кинеската лунарна Нова Година кога повеќето жители патуваат.

Три од овие пациенти се сериозно болни, се вели во соопштението на Комисијата за здравство во градот Вухан.

Вкупниот број на пациенти заразени со оваа болест во Кина, сите лоцирани во Вухан, град во средиштето на земјата, сега се искачи на 62. Двајца починаа.

Новите 17 пациенти пред 13 јануари почнаа да покажуваат симптоми како што се висока температура или кашлица.

Кинеската лунарна нова година е еднонеделен празник кој оваа година започнува на 24 јануари.

Новиот вирус припаѓа на големото семејство на корона вирус во кое е и тешкиот акутен респираторен синдром (САРС). Тој уби речиси 800 луѓе низ целиот свет за време на епидемијата во 2002-2003 што исто така започна во Кина.

САД во петокот објавија дека на своите три аеродроми ќе почнат детално да ги прегледуваат патниците од Вухан за да ги идентификуваат оние кои можат да имаат симптоми на треска.

Иако експертите велат дека новиот вирус не е толку смртоносен како САРС, малку се знае за неговото потекло и не е јасно дали може да се пренесе од човек на човек.

Тајланд пријави два случаи на вирусот, а Јапонија еден.

Во сите случаи досега се вклучени лица кои или живеат во Вухан или патувале во тој град.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе