Мистериозна болест повторно ги „напаѓа“ дипломатите на Куба

Уште еден канадски дипломат се разболе на Куба од „мистериозен здравствен инцидент“, соопшти денеска Канада.

Со тоа бројот на канадски дипломати кои се разболеле на Куба порасна на 13, пренесе АП.

Меѓу нив се дипломати вработени во канадската амбасада во Хавана, како и членови на нивните семејства, а кои се жалеле на вртоглавица, главоболка и проблеми со концентрацијата.

Како што се наведува, канадската влада ќе продолжи да го истражува случајот, а засега Министерството за надворешни работи им даде можност на дипломатите да се вратат дома, ако тоа го сакаат.

25 вработени во амбасадата на САД во Хавана исто така заболеа од „мистериозна болест“, следено со низа симптоми и кај кои е дијагностицирана блага повреда на мозокот.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе