Трет ден протести

Мирно во Белград: некој фрли петарда, демонстрантите гневно викнаа „Уа, седни“ (ФОТО+ВИДЕО)

Во српските градови Белград, Нови Сад, Врање, Чачак и Краљево граѓаните и денес излегоа на улица, трет ден по ред, да протестираат против незадоволството од состојбата во земјата, сегашната власт и најавените нови мерки за борба против коронавирусот, пренесува Нова.рс.

Фото: ЕПА

Во Белград граѓаните седат на платото пред српскиот парламент.

„Нема да го уништиме Белград. Не го сакаме Вучиќ, не ги сакаме Брнабиќка, Лончар. Сакаме лекарите да протестираат со нас затоа што не им даде соодветна опрема. Сакаме оставка на сите од власта. Не сакаме да го рушиме градот, дојдовме да покажеме колку нè има. Сакаме полицијата да застане зад народот. Народна е полицијата, ние ја плаќаме, му служи на народот, а не нему“, порача еден млад човек пред насобраните демонстранти преку мегафон.

Демонстрантите извикуваат „Косово е срцето на Србија“, „Вучиќу, крадецу“, пренесува Нова.рс, но протестот денеска е мирен. Во еден момент, кога некој во толпата фрли петарда, другите демонстранти веднаш реагираа налутено „Уа, седни“.

Од групата насобрани одвреме-навреме се скандира „Седнете долу“, што во голема мера се прифаќа, пренесува агенцијата Бета. Се скандира и „Не сакаме ќотек“.

Група од неколку лица ги провоцираа граѓаните што седеа на плочникот навредувајќи ги и барајќи од нив да станат. Тие стојат покрај металната ограда, поставена кај скалилата на Собранието, но насобраните мирно им одговараат скандирајќи „Седи долу“.

„Нивниот план беше да ги исплашат нормалните граѓани, не успеаја“, рече претседателот на Движењето на слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ.

Полицијата што ја обезбедува зградата на Претседателството на Србија мирно стои, тие не беа расположени да ги споделат своите впечатоци од вечерашниве мирни протести со новинарите на Нова.рс.

„И вечерва е забележливо присуството на неидентификувани структури“, вели Добрица Веселиновиќ од „Да не го давиме Белград“, на протестот во Белград.

„Ангажирањето хулигани што се поврзани со владата може да биде интересна афера“, рече Вук Цвијиќ, новинар на НИН познат по откривањето на аферата „Крушик“.

Насобраните граѓани што седат на платото пред српскиот парламент држат транспаренти „Не сакаме судир, сакаме промени“, „Изразувањето незадоволство не е хулиганство“, „Солзавец ли е тоа, којзнае што ли е, кога и да се сретнеме секогаш ќе нè залее“ (Da li je to suzavac, il’ ko zna šta li je, kad god se sretnemo uvijek nas zalije), „Тато, ова е за тебе“, „Сакам 'Подобар живот' и 'Среќни луѓе'“, „Секогаш кога ќе го видам Вучиќ, ги кршам сите ѓезвиња, веќе ни кафе не пијам“ и „Колку вреди мојот живот“.

„Тука сме за овој диктатор и автократ да си замине“, вели една професорка на протестот.

Според известувачите на Нова.рс, на протестот може да се видат набилдани мажи во групи, со маски на лицата и качулки на главите. Има и такви што ги фотографираат демонстрантите, а како што велат граѓаните, прилично се агресивни.

И во Крагуевац вечерва на мирен протест се собраа околу 500 граѓани.

Протестниот митинг е, како и синоќа, пред Градското собрание, но за разлика од претходната вечер, атмосферата е многу помирна. Нема скандирања, повремено се слуша понекое свирче, луѓето седат во помали групи и слушаат музика.

И незадоволните граѓани на Зрењанин излегоа на улиците на својот град.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе