Случајни минувачи до смрт претепале маж во САД, се обидел да киднапира три деца во автомобил

Група случајни минувачи на смрт претепале 54 годишник во Филаделфија, откако се обидел да украде автомобил во кој имало три деца, а родителите се обидувале да го спречат, јави Еј-би-си њуз.

54-годишниот Ерик Худ во четвртокот навечер малку пред 10 часот влегол во автомобилот и се одвезол, додека родителите на децата биле во продавница. Родителите успеале да стигнат до автомобилот кој стоел на семафор, додека било црвено светло, и го исфрлиле од возилото, стои во полицискиот извештај.

Киднаперот потоа го нападнал таткото и побегнал, но го стасала групата случајни минувачи кои виделе што се случило и почнале да го удираат со нозе и раце. Нападот траел додека не пристигнала полицијата.

Худ бил однесен во болница каде бил прогласен за мртов. Децата кои биле во автомобилот не биле повредени.

Внукот на Худ за Еј-би-си њуз изјави дека само што дознал за смртта на неговиот вујко.

„Многу ми е жал за сето што се случи. Жалам што вујко ми го загуби животот бидејќи правел нешто што навистина не наликува на него и што децата поминале низ тоа“, изјави тој за Еј-би-си њуз.

Неговиот внук, исто така, кажал дека неговиот вујко имал проблеми со алкохол и дрога и дека кражбата на автомобилот и киднапирањето на децата било шок за неговото семејство.

Полицијата сè уште не поднела пријави против родителите и чекаат резултати од аутопсијата за да се открие вистинската причина за смртта.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе