Министрите за одбрана на НАТО ја усвоија вселенската политика за соочување со закани

НАТО за првпат усвои своја вселенска политика, создавајќи со тоа рамка за соочување со заканите во клучната вселенска инфраструктура, како комуникациските и навигациските сателити, изјави генералниот секретар на воениот пакт Јенс Столтенберг.

„Денес НАТО презема уште еден важен чекор во нашето прилагодување на прифаќањето на првата вселенска политика“, напиша Столтенберг на Твитер за време на средбата на министрите за одбрана во Брисел.

Целта на политика е координирање на напорите на членките на НАТО во спротивставувањето на предизвиците кои настануваат во вселената. Столтенберг истакна дека Алијансата не сака да развива сопствени вселенски капацитети.

„Не сакаме да ја милитаризираме вселената“, истакна Столтенберг вчера, на првиот ден на дводневниот самит на министрите.

НАТО сѐ повеќе зависи од вселенската технологија, а ја користи во воената комуникација, навигацијата и собирањето информации.

Нападите врз сателитите за време на војна може да се користи за парализирање на секојдневните активности како плаќањето со картички или управувањето со сообраќајот.

Подоцна годинава НАТО би можело да ја додаде вселената на листата на своите оперативни области, покрај копното, морето, воздухот и киберпросторот кој беше додаден во 2016.

Со тоа би се овозможило издвојување дополнителни ресурси и нападот во вселената би бил третиран слично на нападите во останатите области.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе