Кипар стави вето

Министрите на ЕУ не се согласија за санкции против белоруските функционери

Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ денес не се согласија за воведување санкции на белоруските функционери осомничени за изборна измама или за улогата во грубото сузбивање на протестите, и покрај повиците на главната противничка на претседателот Александар Лукашенко да преземат храбра акција против неговиот режим.

EPA-EFE

Во седмата недела продемократски демонстрации во Белорусија, министрите на ЕУ разгледуваа дали да воведат замрзнување на имотот и забрана за патување за околу 40 луѓе поврзани со нерегуларностите на претседателските избори на 9 август на кои Лукашенко, според официјалните податоци, го освои шестиот претседателски мандат, и со бруталното полициско задушување на демонстрациите кои следеа.

Неколку земји сакаат Лукашенко да биде на списокот на санкции, но други повеќе сакаат постепено да го зголемуваат притисокот врз него додавајќи имиња, вклучувајќи го и неговото, ако одбие да почне дијалог со опозицијата, наместо да ги казнат сите одеднаш.

Конкретно Кипар продолжи да ги блокира санкциите сѐ додека не се применат слични мерки против Турција поради нејзиното спорно истражување за нафта и гас во источното Средоземно Море.

Сега се очекува лидерите на ЕУ да се обидат да излезат од блокадата кога ќе се сретнат во Брисел во четврток.

„Иако постои јасна волја да се усвојат санкциите, не беше возможно тоа денес да се направи бидејќи не беше постигната потребната едногласност“, кажа шефот на европската дипломатија Жосеп Борел по седницата. Тој кажа дека Кипар не го дал својот глас.

Дури и пред почетокот на состанокот кипарскиот министер за надворешни работи Нико Христодулидес кажа дека реакцијата на ЕУ на какво било кршење на суштинските вредности и принципи на Унијата не може да се бира од мени, туку дека е потребно да биде доследна.

Борел меѓутоа кажа дека министрите се обединети во отфрлањето на резултатите на изборите во Белорусија од 9 август на кои Лукашенко беше резибран по 26 години на власт, и дека сакаат да се одржат нови избори под надзор на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе