Министерството за здравство на Иран: Во Иран секои десет минути едно лице умира од коронавирусот

Во Иран секои десет минути едно лице умира од коронавирусот ковид-19, објави денес на Твитер портпаролот на министерството за здравство Кјануш Јаханпур.

Бројот на мртвите во најпогодената земја на Блискиот Исток порасна на 1.284, а заразени има над 18.000.

„Според нашите информации во Иран секои десет минути умира по едно лице од коронавирусот, а секој час се заразуваат 50 луѓе“, напиша на социјалната мрежа Јаханпур.

По Кина и Италија, Иран е најпогодената земја во светот што се однесува до бројот на заразени и умрени од коронавирусот.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе