Министерот за правда на САД: Немаше изборна измама

Американскиот министер за правда Бил Бар изјави дека не констатирал „изборна измама“ доволно голема за да се поништи победата на Џозеф Бајден, спротивно на тврдењата на претседателот на САД во заминување Доналд Трамп.

EPA-EFE

„Во оваа фаза не видовме измами во размери кои би можеле да го променат исходот на изборите“, кажа Бар во изјава за агенцијата Асошиејтед прес.

Бар кажа дека имало обвинувања за „систематски измами“ според кои машините биле програмирани да даваат погрешни резултати на изборите. Додаде дека неговото и министерството за национална безбедност ги истражиле тие тврдења и дека досега не е најдено ништо што би ги потврдило тие обвинувања.

Трамп, кој одбива да го признае својот пораз, во неделата ги критикуваше министерството за правда и сојузната полиција дека не му помогнале во борбата да го докаже постоењето на изборна измама.

„Сè поголема е тенденцијата правосудниот систем да се користи како средство за решавање на сите проблеми, а кога луѓето се незадоволни од нешто, чекаат да се појави министерството за правда“, кажа Бар.

Американскиот министер за правда, познат по лојалноста кон Трамп, досега внимаваше да не му противречи на американскиот претседател, потсетува АП.

Бар на почетокот на ноември овласти сојузни обвинители да ги истражуваат сомнежите за измама, не чекајќи сојузните држави да ги потврдат резултатите, што е спротивно на обичајот. Меѓутоа, Бар побара од обвинителите да интервенираат само во случај ако постојат „значителни“ и „веродостојни“ наводи за евентуални изборни манипулации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе