Министерот за одбрана на Венецуела: Опозицијата до нова влада ќе мора да дојде преку нашите мртви тела

Венецуелските војници ќе останат распоредени покрај границата за да спречат кршење на територијалниот суверенитет, соопшти венецуелскиот министер за одбрана за хуманитарната помош која ја најавува опозицијата, но владата ја одбива.

Претседателот Николас Мадуро одбива помош во храна и лекови од странство отфрлајќи ги како невистинити приказните за хуманитарна криза и го обвинува опозицискиот лидер Хуан Гуаидо дека со хуманитарната помош се обидува да ја поткопа владата и да го урне од власта со помош на Соединетите Американски Држави.

Гуаидо најави дека помошта ќе влезе во Венецуела по копно и по море во сабота. САД испратија помош која ќека на колумбиската страна на границата со Венецуела.

Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино за државната телевизија кажа дека опозицијата ќе мора да мине преку „мртви тела“ ако сака да наметне нова власт.

Претседателот на Националното собрание Гуаидо се прогласи за привремен претседател на земјата повикувајќи се на уставот и ѝ вети амнестија на војската ако го напушти Мадуро, но тоа досега го направија само неколкумина високи офицери.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди во понеделникот венецуелските воени команданти дека ги изложуваат на опасност своите иднини и животи ако не застанат зад Гуаидо и дека ќе изгубат сѐ бидејќи нема да има каде да се скријат. Тој кажа дека американските власти знаат каде се милијардите долари кои ги украла политичката елита на режимот во Каракас.

Министерот Падрино Трамповите закани ги нарече неприфатливи.

„Тие никогаш нема да прифатат наредби од која било странска влада. Ќе останат тука распоредени и будни покрај границата, како што нареди нашиот врховен командант, за да се спречи кршење на интегритетот на нашата територија. Оние кои се обидуваат да станат претседател на Веенцуела ќе мора да поминат преку нашите мртви тела“, кажа Падрино алудирајќи на Гуаидо.

Мадуро доби втор претседателски мандат на изборите кои опозицијата ги смета за нечесни, но ја има поддршката од Русија и Кина и лојалноста на венецуелските институции.

Самопрогласениот Гуаидо го признаа вкупно 50 земји, вклучувајќи ја и Македонија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе