Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд отпатува во Турција заради коментарите на Ердоган за масакрот

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн рече дека министерот за надворешни работи Винстон Питерс отпатува за Турција да ги разјасни коментарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поврзани со масакрот во Крајстчерч, кој тој го нарече елемент на заговор против Анкара.

28-годишниот терорист од Австралија уби 50 верници за време на петочната молитва во две џамии во Крајстчерч.

Ердоган го повика Нов Зеланд повторно да ја воведе смртната казна и предупреди дека Турција ќе се погрижи за сторителот ако тоа не го стори Нов Зеланд.

Тој исто така рече дека напаѓачот ѝ се заканувал на Турција и нему лично и дека сака да ги протера Турците од северо-западниот дел на земјата, кое според терористот е европски регион. Најголемиот турски град Истанбул лежи на два континента, што ги дели Босфор.

Ардерн рече дека Питерс ќе побара итни објаснувања за тие изјави.

„Нашиот вицепремиер ќе се спротивстави на овие изјави во Турција“, рече Ардерн пред новинарите во Крајстчерч. „Оди таму да ги разјасни работите, лице в лице“.

Питерс претходно ја повика Турција да прекине со емитувањето на снимката од нападот во Крајстчерч кој сторителот го емитуваше на Фејсбук бидејќи со тоа, како што кажа, се загрозуваат животите на Новозеланѓаните во странство.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе