Министерот од Тувалу ќе се обрати пред КОП26 стоејќи до колена во море за да ја истакне климатската криза (ФОТО)

Министерот за надворешни работи на Тувалу одржа говор на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, стоејќи до колена во морска вода за да покаже „дека неговата држава е на првата линија на климатските промени", пишува Си-ен-ен.

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се проширија сликите од Сајмон Кофе како во костум и вратоврска, со свиткани ногавици, стои зад говорницата поставена во море.

„Изјавата ги споредува поставките на КОП26 со реалните животни ситуации со кои се соочува Тувалу поради влијанието на климатските промени и зголемувањето на нивото на морето и ги истакнува храбрите активности што Тувалу ги презема за да одговори на многу итните прашања за човечката мобилност во услови на климатските промени“, рече Кофе во својата видео порака.

Изјавата треба да биде претставена на самитот за климата во вторник и доаѓа во време кога регионалните лидери се залагаат за поагресивна акција за да се ограничи влијанието на климатските промени.

Многу големи загадувачи ветија дека ќе ги интензивираат напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во текот на следните децении, при што некои имаат за цел нулта емисии до 2050 година.

Но, лидерите на пацифичките острови повикаа на итна акција, истакнувајќи дека опстанокот на нивните земји е во прашање.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе